Здраво,
Ние сме СПО – КУЛ, здружение на граѓани од Неготино.
Постоиме и делуваме од 2018 година.
СПО – КУЛ е доброволно, непрофитно, невладино, независно, непартиско здружение на граѓани, формирано со слободно здружување на млади ентузијасти.
Мисијата на организацијата е Неготино да биде град со развиена спортска и културна свест, со визија за зголемен број квалитетни локални, национални и меѓународни спортски и културни манифестации во општината, регионот како и во целата држава.
Целосното име на здружението е: Здружение за унапредување на спортските и културните манифестации „СПО – КУЛ“ Неготино.
СПО КУЛ обединува десетина млади ентузијасти од различни профили обединети со една идеја – Неготино да биде по привлечно место за живеење. Затоа го започнавме и сеуште го надградуваме движењето „УРБАНО НЕГОТИНО“.
Доколку сакате да ни помогнете, имате идеја или сакате да се вклучите во нашето делување можеш слободно да не контактирате.
Седиштето на здружението е во Неготино, на ул. „Антон Пеган“ бр. 5
Нашето здружение дејствува на територијата на Република Северна Македонија.