“URBAN OFF ROAD” – Неготино 2019

Граѓанската акција #Урбано Неготино, организирана по повод прославувањето на 8 Ноември, продолжи и на 9 ноември со голем велосипедски настан, возење по таканаречената „винска рута“ во општина Неготино, насловено URBAN OFF ROAD.

Стотина велосипедисти од целата држава се дружеа и возеа по двасет километарската стаза на релацијата: Неготино – Тимјаничка Цуцка – Долни Дисан – Тимјаник – Неготино.