Акција #Урбано Неготино

Во склоп на празнувањето на 8-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Неготино, втора година по ред, Спо-Кул го одржа настанот #Урбано Неготино, граѓанска акција за разубавување на кејот.

Акцијата за исцртување на графити (мурали) на градскиот кеј во Неготино, беше поделена на два дела – професионален и аматерски.

За професионалниот дел годинава се погрижија уметниците од Hybrid Minds Crew од Битола, а за аматерскиот дел учество земаа двете основни училишта од Неготино, основното училиште „Димката Ангелов Габерот“ од Демир Капија, СОУ „Кирил и Методиј“ од Неготино, а најмалите учесници на овој настан беа дечињата од градинката „Фемо Кулаков“.

Акцијата #Урбано Неготино беше реализирана во соработка со општината, градинките, основните и средните училишта од Неготино и Демир Капија и на неа зедоа учество десетици млади, креативни луѓе.