Планираме: Заживување на месните заедници во општината, поттикнување на младинскиот активизам и подобрување на општинските практики за поддршка на граѓанските организации

Се уште си работиме виртуелно. Денеска имавме средба со нашата партнерска организација НВО Инфоцентар. Во рамки на проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, финансиски поддржан од Меѓународниот центар „Улоф Палме“, планираме активности за заживување на месните заедници во општината, поттикнување на младинскиот активизам и подобрување на општинските практики за поддршка на граѓанските организации.