Интернет-страници за подобра комуникација со граѓаните

Спо-кул, заедно со организациите Спектар, Цик-цак и Норгес Вел од Крива Паланка и Активо од Велес учествуваше на работилница за нови и унапредени интернет-страници.

Вака,  локалните организации ќе ја подобрат својата видливост и влијание во јавноста и меѓу граѓаните. Подготовката и унапредувањето на интернет-страниците е процес во кој директно учествуваат активистите од овие пет организации, под менторство на НВО Инфоцентарот.

За таа цел, на 29 и 30 септември, во хотелот Романтик, во Велес се одржа дводневна работилница, во рамки на проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, кој го спроведува НВО Инфоцентарот, со поддршка од меѓународниот центар „Улоф Палме“ од Шведска.